Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Електричен автомобил специјално за рурална Африка

Видео: Електричен автомобил специјално за рурална Африка

Минхенскиот Технички Универзитет креираше прототип на електричен автомобил кој е специјализиран за возење низ руралните делови на Африка каде нема асфалтирани патишта. Станува збор за aCar моделот кој може да го поднесе грубиот терен, да  превезува товар или патници, а има досег од 75 километри со едно полнење на батеријата.

Секако, за руралните средини на Африка електричен автомобил може да биде и непредвидлива авантура поради слабата енергетска инфраструктура па следното полнење може да биде доведено во прашање. 

Инженерите од Унверзитетот предвидуваат нивниот модел да се произведува во Африка и крајната цена да изнесува околу 10.000 долари што е одлична инвестиција за електричен автомобил кој би бил многу поевтин од конкурентите, но и подобар за самиот терен.


Слично

Поврзани вести