Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ел Нињо ги пореметува сметките: Цените на овој производ зависат од него

Ел Нињо ги пореметува сметките: Цените на овој производ зависат од него

Цените на кафето и какаото нагло скокнаа на берзите, бидејќи инвеститорите се загрижени дека климатските нарушувања предизвикани од Ел Нињо би можеле да ги загрозат приносите на двете светски барани култури низ Бразил и Западна Африка.

Фјучерсите за кафе скокнаа за 18,5 проценти во понеделник, достигнувајќи 3,57 долари за фунта (0,4536 килограми), што е најголемото дневно зголемување на цената на оваа стока од 2000 година, објави Forbes.com.

Таа „историска сесија“ ги турна фјучерсите за кафе во сферата на мем-акции, хартии од вредност што стануваат вирални и експлодираат поради дискусиите на социјалните медиуми, а не поради реалните деловни резултати, соопшти финансиската група StoneX.

Во соопштението на StoneX се вели дека агресивното купување од страна на институционалните инвеститори и компјутерски тргуваните фондови ја надминало продажбата на големо од земјите производители на кафе.

„Загриженоста за времето се зголеми бидејќи трговците предвидуваат можни прекини во жетвата поради Ел Нињо, а залихите на премиум арабика се многу ниски“, според StoneX.

Сепак, аналитичарите велат дека нема вистински климатски проблеми што влијаат на земјоделските култури во Бразил и дека квалитетот останува примарна грижа за производителите.

Бразил е најголемиот светски производител и извозник на кафе Арабика, додека Виетнам доминира во производството на Робуста.

Околу 60 проценти од вкупните количини какао се произведуваат во Брегот на Слоновата Коска, 32 проценти и во Гана околу 28 проценти.

еуроњуз

Слично

Поврзани вести