Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ел Ериан: Европа мора да го послуша ММФ ако сака да ја спаси Грција

Ел Ериан: Европа мора да го послуша ММФ ако сака да ја спаси Грција
И покрај храбрата јавна позиција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), европските политичари повторно не успеаја да се справат со клучниот проблем за одржливоста на грчкиот долг, пишува Мохамед Ел Ериан, извршен директор на најголемиот облигационен фонд во светот - „Pacific Investment Management Company LLC“, а пренесува „Financial Times“. Ако сето ова  продолжи, политичарите ќе го поткопаат новиот спасувачки план за земјата и повторно ќе ја изгубат довербата, како на инвеститорите, така и на сопствените граѓани. Освен тоа спасоносниот план нема да постигне ништо повеќе освен да добие неколку месеци одложување на кризата во грчкото општество. Историјата на грчките проблеми е добро документирана. Годините на лошо економско управување нагло ја намалија конкурентноста на земјата, го разнишаа јавниот сектор,  ги зголемија долгови и ги исправија пред работ на банкрот локалните банки, пишува Ел Ериан. Според него проблем се и политичките и социјалните димензии на кризата кои така будат загриженост кога во услови на актуелната криза грчките граѓани продолжуваат да протестираат, амнестирајќи се притоа од сопствената одговорност. Тој појаснува дека последниот спасувачки пакет има за цел да ја реши ситуацијата со тоа што ќе инјектира дополнителни средства во грчката економија, која практично не располага со капитал. Идејата е привремена финансиска поддршка, во комбинација со мерки за намалување на буџетскиот дефицит, да обезбеди можност за рекапитализирање на банките и охрабрување на структурните реформи. Сепак, пишува Ел Ериан, и покрај добрите намери овој спасувачки план нема да функционира, ако на Грција не и биде дозволено повторно да ги реструктуира своите долгови бидејќи ако тоа не се направи, Грција подлабоко ќе тоне во тековната веќе четврта година рецесија. Неговата прогноза е дека невработеноста на младите во земјата, која веќе надминува 50%, ќе се зголеми уште повеќе, а кризата ќе ги дотолчи најсиромашните слоеви од населението. Според Ел Ериан, проблемот веќе не е во приватниот грчки долг, а решението е главно во рацете на европски влади и ММФ. Она на кое што сега Европа треба да е подготвена е да го одложи отплаќањето на долгот и да ја намали каматата. Затоа ставот на ММФ е прaвилен. Грција итно има потреба од комплетно реструктуирање на долгот под водство на челните европските институции , истакнува Ел Ериан.
Слично

Поврзани вести