Екстремисти планирале да го убијат Ердоган при посетата на Грција
Повеќе членови на екстремистичка организација се уапсени во Атина во врска со заговор за убиство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган при неговата последна посета на Грција овој месец.
Весникот To Vima пишува дека девет членови на Револуционерната народноосвободителна партија-фронт планирале да го убијат Ердоган со фрлачи на гранати, бомби и молотови коктели. „Дејли Сабах“ пишува дека во групата имало и една жена.
Две групи планирале да го нападнат конвојот со Ердоган од двете страни, но да се приклучи и трета. Се верува дека оружјето е скриено на планина близу грчката престолнина.
Групата турски националисти е уапсена на 28 ноември како дел од истрагата за разни турски екстремистички организации.
Ердоган ја посети Атина на 7-8 декември. За прв пат тој беше во официјална државна посета на Грција за период од 65 години.
Слично
