Екстремисти ја нападнаа најголемата ирачка нафтена рафинерија
Сунитски екстремисти денеска ја нападнаа најголемата ирачка нафтена рафинерија, во Баиџи, на северот од Ирак, потврдуваат ирачките безбедносни сили и вработени во фабриката.
Нападот од автоматско оружје и гранати почнал рано наутро, на два од трите главни влеза во рафинеријата, јавува Ројтерс.
Една граната го погодила магацинот на резервни делови и од објектот се кревало чад, наведуваат истите извори.
Странци беа евакуирани вчера од рафинеријата бидејќи безбедносните сили очекуваа напад врз рафинеријата.
Рафинеријата беше под опсада од сунитските екстремисти откако минатата недела започна офанзива во неколку градови на северен Ирак.
Слично
