Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстрадиран велешанец, инволвиран во недозволена трговија со дрога

Екстрадиран велешанец, инволвиран во недозволена трговија со дрога

Во текот на вчерашниот ден во Македонија е екстрадирано лицето Павле М. (43) од Велес за кого на 13.06.2013 година беше распишана меѓународна потерница. Имено станува збор за лице кое подолг временски период е инволвирани во НТ со дрога и истиот во рамки на неколку истраги насочени во борбата против недозволената трговија со дрога беше предмет на работа на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, информираат од МВР.

Од страна на ОСОСК во текот на 2012 година разбиена е меѓународна криминална група составена од македонски државјани која се занимаваше со организирање на транспорти на хероин на релација Р.Македонија - до земјите од западна Европа со крајна дестинација – Шпанија, при што на 31.03.2012 година на ГП Богородица беа запленети 2,460 килограма хероин и беше поднесена кривична пријава против 8 лица членови на групата.

Во рамките на оваа група Павле М. беше еден од организаторите на  транспортот на хероинот за што му е поднесена кривична пријава и во отсуство на  29.04.2013 година е осуден на казна затвор во траење од 10 години за извршено кривично дело – “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.

По бегството од Р.Македонија беше  недостапен за органите на прогон за што беше распишана меѓународна  потерница. Павле М. по бегството од нашата државата  престојувал  и живеел во градот Петрич-Р Бугарија каде  што се стекнал со  бугарско државјанство и каде што продолжил со криминалните активности поврзани со недозволената трговија со дрога.

Изминатава година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работејќи на сузбивање на организирана  криминална  група чии членови оперираат и делуваат од територијата на Р.Македонија, Р. Бугарија и Р Албанија, и беа инволвирани во  организирање на транспорти со наркотична дрога марихуана, кокаин и хероин заради понатамошна продажба, како еден од членовите и организатор на истата го идентификуваше лицето Павле М.

Инаку, Павле М. врз основа на кривични пријави во 2009 година година, за сторени кривични дела од областа на  недозволена трговија со дрога,  бил осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Тој на 17.05. оваа година од слобода беше лишен во Р.Грција.

Слично

Поврзани вести