Економија, финансии, бизнис

Контакт

КРСТЕ ШАЈНОСКИ: Екстерното тестирање прераснува во општествен предизвик

КРСТЕ ШАЈНОСКИ: Екстерното тестирање прераснува во општествен предизвик
Денешниот протест на студентите е нешто што на македонското општество требаше да му се случи многу порано. Ме радува енергијата, решителноста и одважноста која можеше да се види на лицата на студентите , и желбата да кажат стоп на една предлог идеја која не само што е против уставна, не само што ја загрозува универзитетската автономија туку  прокламира обид за автократско однесување на политичките авторитети . Очекувам подршка овие млади луѓе да добијат од своите колеги и од другите универзитети и секако од професорската фела, која не смее немо да го следи овој протест. Впрочем, прашањето  на екстерното тестирање , повеќе не е прашање на оценка на квалитетот на знаењето на тие што се оценуваат, туку прераснува во општествен предизвик преку кои ќе се мери од една страна  демократскиот капацитет на акуелната власт и интегриритетот на интелектуалната елита да застане на патот во кршењето на највисоките демократски вредности   од друга страна. Од далеку се гледа дека на студентите не им е потребна никаква политичка подршка иако и тоа како од утре ќе има обиди да им се импутира, со намера  целата идеја да се девалвира. На ова ниво на развој на настаните многу е подобро политичките партии и од власта и од опозицијата да ги тргнат рацете од студентите , затоа што тие денеска едноставно покажаа како треба да се однесуваат одговорните граѓани во една држава. Правдољубивиот пристап, е добитната  карта со која треба да настапуваат идните академски граѓани. Таа е многу посигурна од било каква политичка или национална подршка. Универзитетски професор, Крсте Шајноски
Слично

Поврзани вести