Екстерното тестирање им зададе главоболки, родителите на интернет го бараат лекот
Родители на интернет разменуваат одговори за прашањата за екстерното тестирање. Загрижени за успехот на своите деца, дел од родителите се организирале да ги одговараат прашањата и меѓусебно да ги разменуваат одговорите.
Одговори на дел од прашањата можат да се најдат и на затворена Фејсбук група, која веќе брои повеќе од 10.000 члена.
Учениците од основните и средните училишта ширум Македонија ги споделуваат меѓу себе одговорите по предметите математика, македонски и англиски јазик, историја, етика, физика и многу други.
Екстерното тестирање трае до 10-ти јуни. Процесот на оценување на знаењата на учениците, но и на начинот на кој професорите ги делат оценките, предизвика контраверзни реакции.
Дел од прашањата ги збунија родителите, кои во паника се обидуваа да им помогнат на своите деца. Тие посочуваа на нелогичности во прашањата внесени во електронскиот систем на Министерството за обраозвание, кои се користат за тестирањето.
Од ресорното Министерство, пак, велат дека екстерното тестирање е успешен проект, а прашањата изгледаат нелогични само ако се гледаат надвор од контекстот на материјалот кој го изучуваат учениците.
