Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екстерното тестирање и заменските наставници се македонски изуми

Екстерното тестирање и заменските наставници се македонски изуми
Екстерното тестирање е несреќен нов изум, а заменските наставници не постојат никаде во Европа, оцени Мартин Ромер од Европската конфедерација на синдикати за образование. „Нема таква ситуација во Европа, ако штрајкувате, тогаш штрајкувате, и владата мора да го почитува тоа. Правото на штрајк може да се изразува на најразлични начини. Но носење на штрајкбрехери или заменски лица, такви примери не се познати, не постојат никаде во Европа и пред сè не се соодветни за легитимно право на штрајк како такво“, рече Ромер. Ромер предупреди и дека системот кој се гради со екстерното тестирање, врз основа на контрола и казни нема да создаде квалитетни и лојални работници. Недостатокот на социјален дијалог во земјава е причината за неговата дводневната посета на Македонија, за што ги информирал и министрите за образование и за социјала, Абдулаќим Адеми и Диме Спасов. Во меѓувреме тетовските средношколци, кои одбија да полагаат екстерно, излегоа и на протест во центарот на градот. Средношколците бараат да не полагаат тестови зашто многу од прашањата на екстерното не се од материјалот што го учеле.
Слично

Поврзани вести