Екстерното со оценка тројка, наставниците куртулија од казни додека не поминат изборите
Просечната оценка на екстерното тестирање на матурантите е 3,39, соопшти министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Од 96 училишта каде што се спроведуваше тестирањето, најдобри резултати имаат учениците од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“-Скопје, а по нив тие од „Јосип Броз-Тито“ од Битола и од уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ од Скопје.
Речиси 2.600 од вкупно 41.852 тестирани матуранти добиле негативна оценка (1). Вкупно 315 матуранти не ги полагале двата предмета од екстерното тестирање, а 416 полагале само еден предмет.
„Нашиот следен предизвик е спроведувањето на екстерното тестирање на крајот на учебната година за сите други ученици. Посветени сме на сите услови од процедурална и техничка природа бидејќи, сепак, овој процес ќе опфати многу поголем број ученици“, рече министерот Ристовски кој посочи дека е задоволен од тоа како е спроведено екстерното тестирање за матурантите.
За наставниците чии ученици покажале најдобри резултати на екстерното се предвидени награди од 15% зголемена плата, додека за оние со најлош успех - казна со намалување од 15%. Но, наградите и казните ќе почекаат. Антикорупциската комисија го предупредило Министерството дека исплатата на паричните награди и казни не е можна во предизборен период. Министерството ја има подготвено ранг-листата на наставници кои ќе земат пониска или повисока плата, но не смее да ја објавува до завршувањето на изборите.
Слично
