Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ: Невладините против, Универзитетите го поздравуваат!

ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ: Невладините против, Универзитетите го поздравуваат!
Спротивставени во јавноста за идејата на Министерството за обраозвание да воведе екстерно тестирање во високото образование. Додека невладините организации од сферата на образованието остро се спротивставуваат на планираните измени, дел од универизтетите ја поддржуваат идејата државата да го контролира оценувањето. Марија Мирчевска од невладиниот Младинскиот образовен форум (МОФ) смета дека се конфузни мотивите за оваа владина идеја. „Високото образование не е задолжително, тоа се финансира од самиот студент и доколку тој е подготвен да инвестира пари, време и труд, недопустливо е државата да интервенира и да донесе спротивна одлука место него“, рече Мирчевска. Наспроти ова, Агим Нухиу од Државниот универзитет во Тетово смета дека ваквата идеја е за поздравување, бидејќи „тоа ќе го зајакне кредибилитетот на студентите и професорите“. На ист став е и директорката на Државниот испитен центар. Министерот за образование Абдилаќим Адеми, соочен со спротивставените мислења, сепак верува дека иницијативата во никој случај нема да ја загрози автономијата на универзитетите, туку ќе биде во полза на сите. „Целта на надворешната евалуација не е да се казнува, туку студентите да добиваат знаење, а не диплома што нема да можат да ја искористат при вработувањето. Работодавците ги ценат реалните знаења на кандидатите за вработување и им даваат предност на оние што можат веднаш да почнат со работни активности. Тоа сакаме да го постигнеме, да имаме конкурентен кадар на пазарот на труд“, вели Адеми. На дебатата немаше претставници на студентите. Тие два пати досега одржуваат собири со мала бројност, а на последниот побараа од професорите да ги поддржат во спротивставувањето на екстерното тестирање.
Слично

Поврзани вести