ЕКСТЕРНО ТЕСТИРАЊЕ: Небулозни прашањa, збунети ученици, политички ловци во матно!
Екстерното тестирање повторно на повидок ги исфрли проблемите во образовниот процес. Серија небулозни прашања во тестовите регистрираа родителите и децата, но и дел од наставниот кадар. Сепак, надлежните официјално велат дека за сите проблеми со прашањата имало доволно време да се реагира, и дека оние забелешки кои пристигнале и биле валидни биле прифатени. Сепак дел од наставниот кадар смета дека, екстерното тестирање се спроведува на лош начин , со лоша и неточна формулација на прашањата.
„Верувам дека она што го гледате и слушате денес е она што сите структури го мислат - генерално, немаше поголеми технички потешкотии, како што беше случајот со минатата година. Останува фактот дека прашањата се дискутабилни и според поставеноста двосмислени, несуштински поврзани со она што е фундамент во материјата и со исклучително лоша формулација. Реакцијата на децата и родителите е позната и не би зборувала за тоа, затоа сто и покрај се, учениците се тестираат и оценките кои ги добиваат на екстерното тестирање влегува во свидетелството паралелно со оценката со која се вреднуваат од страна на наставниците. И реакцијата на наставниците е позната, но за зал, сите апели до надлежните остануваат неслушнати. Жалам што и понатаму не се води сметка за учениците, на кои од вака недоволно осмислен зафат им зависи судбината понатаму, вели Елизабета Секирарска, професор во средното училиште „Перо Наков“ од КумановоОд СОНК- Синдикатот за образование, наука и култура велат дека прашањата веќе извесен период се познатаи и наставниците имаат доволно време да реагираат за нелогичностите. Сепак, прашањата што се одговораат на екстерното се напишани од наставниот кадар во земјава.
„ Имаше јавен повик за составување на прашањата. И прашањата ги составуваа тие наставници кои се јавија на повикот. Лани СОНК имал поголеми забелешки во делот на прашањата, сепак и годинава имаше доволно време наставниците да ги реагираат за прашањата . Имаше и усовени приговори, вели Јаким Неделковски, прв човек на СОНК.Неделковски додава дека во рамките на реформите на министерството за образование предвидено е вреднување на трудот на наставниците со инструментот екстерно оценување.
„Тоа е само еден инструмент за вреднување на тој труд. Факт е дека оваа влада ќе го вреднува трудот на наставниците, меѓутоа дали само со еден инструмент или и со други ќе видиме. Ние како синдикат сме во прегвоори со ресорниот министер, вели Неделковски.Поранешниот министер за образование, Ненад Новковски, за Фактор вели дека од она што го забележува, останува упорноста да се реализира активноста на несоодветн начин.
„ Она што може да се забележи е дека има суштински недостатоци во поглед на начинот на оценување. Се поттикнува учењето напамет наместо разбирањето. Се девалвира улогата на континуирано следење на постигањата на учениците и нивното мотивирање во текот на образовниот процес. Се создава многу лош амбиент во образовните институции. Тоа што наместо добри прашања се среќаваат лошо вреведени, зборува за состојбата на тоа дека не бил создаден во текот на подготвителниот период соодветен институционален капацитет за извршување на оваа задача, смета Новковски.Од министерството за образование и наука за Фактор целат дека постои можност во 500 илјади прашања да има некоја нелогичност, но дека имало 3461 усвоена забелешка на прашањата. Политички препукувања Небулозните прашања кои се евидентни на тестовите предизвикаа и политички препукувања. Опозциската СДСМ побара укинување на екстерното тестирање, за кое вели дека и година се спроведува хаотично, неуко, со незаконитости и по секоја цена, со единствена цел, обезбедување послушност и контрола на наставниците и професорите.
„ Арогантната власт на Никола Груевски, не сакајќи да се откаже од оваа штетна реформа во образовниот систем, нема слух за бројните апели од психолози. За алармите дека децата се изложени на страв, паника и стрес што влијаат на нивната емотивна состојба и може да остават последици во психолошкиот развој, реагираа од СДСМ.Дополнително, според СДСМ овој проект не е незаконски.
„Власта ги залажува учениците дека единицата од екстерното тестирање, којашто е заведена во свидетелство, е преодна оценка. Според законот, преодни оценки се од 2 до 5. Матурантите кои ќе сакаат да студираат надвор од државата, најдобро ќе го почувствуваат тоа. Проблем ќе имаат и домашните универзитети, коишто, ако примат ученик со такво свидетелство, ќе се соочат со кршење на законот. Според член 45 од Законот за средно образование тие свидетелства се неважечки. Спорна е и формулата според којашто се одредува просекот на учениците, со оценките од екстерното тестирање. СДСМ укажува дека одговорноста за сите последици од апсурдниот проект Екстерно тестирање ќе ги носат Никола Груевски и неговата власт. СДСМ повикува на укинување на проектот Екстерно тестирање, се вели во партиското соопштение на СДСМ.Возвратија од ВМРО-ДПМНЕ со став дека екстерното тестирање е една од најкрупните реформи во образовниот систем, која ќе помогне во унапредувањето на образованието и неговото доближување до европските стандарди.
„СДСМ во ниту една своја влада не успеа да смогне сили да спроведе ваква реформа или било кој друг чекор кон унапредување во образованието. Во тој период немаше ниту бесплатни учебници, ниту задолжително средно образование, платите и достоинството на просветните работници беа сведени на минимум, а воопшто не се ни работеше за поголема достапност на високото образование. Тоа што е постигнато изминатите години јасно покажува дека СДСМ во своите мандати не реализирала ни процент од тоа што денес се прави во сферата на образованието,стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Дополнитено од владејачката партија велат дека СДСМ за овој проект изминативе години постојано излегуваа со различен став.
„Еднаш бараат да биде укинат, друг пат бараат да се промени, третпат велат дека ќе го спроведуваат. Ова јасно покажува дека СДСМ нема воопшто никаков концепт како треба да се развива македонскиот образовен систем, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Н.С.
Слично
