ЕКСТЕРНО: Списоците објавени, предметите ќе се знаат три дена пред испит
Училиштата ги објавија распоредите за полагање на екстерните тестови за учениците од основните и средните училишта. Но, кои предмети ќе ги полагаат ќе знаат на три дена пред тестот.
Така одреди Министерството за образование. Кај учениците ова создава дополнителна нервоза, затоа што во последните три дена ќе треба уште еднаш да го поминат целиот материјал за клучните предмети.
Во меѓувреме, учениците ќе мора да се подготвуваат за сите предмети, преку прашањата што на интернет ги постави Министерството за образование.
Екстерното тестирање започнува од понеделник, а ќе трае до 10-ти јуни. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, а предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе им се даде на осмоодделенците, затоа што уписите за средно започнуваат на 23 јуни.
Матурантите веќе беа екстерно тестирани. Пред нив в сабота стои нова задача - ќе полагаат државна матура.
Слично
