Експресно разрешен хрватскиот министер за финансии
Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денеска го разреши министерот за финансии Славко Линиќ и на негово место веќе го назначи Борис Лаловац, досегашниот заменик-министер.
Линиќ се соочи со остри критки во јавноста затоа што за земјште кое според проценките на Даночната управа вредело 790 илјади евра, платил дури 4,5 милиони евра.
Милановиќ заклучи дека на овој начин Линиќ го оштетил државниот буџет. „Државата не смее да се оштетува и не може да се зборува за зачувување на работните места како критериум за тоа. Тоа не смее да биде така. Грешка може да се случи, но тогаш очекувам да се најдат и одговорните кои што го довеле министерот во заблуда“, рече Милановиќ.
„Довербата е сериозно нарушена“, нагласи хрватскиот премиер, објаснувајќи ја својата одлука.
Слично
