Eксплозивна направа е фрлена врз објект во Митровица
Eксплозивна направа синоќа е фрлена на зградата на електродистрибуција во косовскиот град Северна Митровица.
Оштетени се неколку возила на компанијата и високонапонски кабел, поради што имало прекин на струјата. Портпаролот на полицијата, Бранислав Радовиќ потврди дека нема повредени, а на местото на настанот се испратени полициски службеници.
Според КосоваПрес, постојат сомневања дека направата е фрлена намерно од едно или повеќе лица и е поврзано со договорот за енергетика постигнат меѓу Приштина и Белград пред неколку дена во Брисел.
Слично
