Експлозијата во Истанбул ја погоди и лирата
Турските акции и обврзници паднаа после вестите за експлозијата во Истанбул, а падна и вредноста на турската валута во однос на доларот.
Лирата падна за 0,2 одсто на 3,0438 лири за американскиот долар . Индексот на берзата во Истанбул падна за 0,4 одсто.
Силен пад имаа турските десетгодишни обврзници, а приност порасна на 11,39%, што е рекордно ниво.
„Политичките и геополитичките ризици повторно имаат најголемо влијание на локалниот пазар“, рекол за Блумберг Мурат Лардмици од филијалата на ИНГ Банк во Истанбул.
Слично
