Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлозијата на три автомобили во Истанбул не е терористички напад: Нема повредени

Експлозијата на три автомобили во Истанбул не е терористички напад: Нема повредени

Се претпоставува дека пожарот настанал поради дефект во едно од возилата

Нема повредени во пожарот што избувна по запален автомобил во истанбулскиот кварт Фатих, два дена по терористичкиот напад во Истанбул, јавија денеска турските медиуми.

Турскиот информативен портал Докужабер објави дека до инцидентот дошло откако од непознати причини се запалиле три автомобили, пренесува ТАС С.

Се претпоставува дека пожарот настанал поради техничка грешка во едно од возилата.

Претходно порталот „Минет“ објави дека во тој дел се слушнале неколку експлозии, а пламенот што избил на автомобилот се проширил и на четири паркирани возила.

Како што пренесува Хабертурк, возачот на автомобилот забележал како се крева чад од неговото возило додека возел по улицата, а потоа застанал на страната на патот и побарал помош.


Покрај автомобилот, пожарот оштетил и зграда и банкомат во близина.

Некои локални медиуми претходно објавија дека синоќа во Истанбул „се случила нова експлозија“, два дена по терористичкиот напад во кој загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа ранети.

Руската агенција РИА Новости претходно објави дека се работи за „експлозија на автомобил-бомба.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести