Експлозија во фабрика за муниција во Романија однесе четири луѓе во смрт
Четири лица денеска загинаа во експлозија во фабрика за муниција во Романија.
Уште четири се повредени, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од службите за итни случаи. Мината експлодирала додека работници се обидувале да ја деактивираат, објави ДПА. Фабриката во Бабени, јужна Романија, произведува различни видови муниција во име на романското Министерство за одбрана.
фото МИА
Слично
