Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Поранешен работник во фабриката тврди – заминав за да си го спасам животот!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Поранешен работник во фабриката тврди – заминав за да си го спасам животот!
Поранешен работник во фабриката за муниција во Горни Лом, во која синоќа се случи стравична експлозија, за бугарските медиуми сведочи дека условите за работа во овој објект биле многу лоши. „Со муниција треба да се работи полека и внимателно. А тие не притискаа да работиме, особено ако доаѓаше газдата од Софија. Смената ни завршуваше, а не тераа да продолжиме со работа“, вели работникот. Тој бил вработен во фабриката заедно со неговата сопруга, но пред неколку години одлучиле и двајцата да дадат отказ за, како што вели, да си го зачуваат животот. Одлучиле дека е подобро да живеат по сиромаштија и да пребаруваат контејнери, отколку да работат таму. Иако оваа фабрика е единствен поголем комплекс за вработување во овој регион, жителите на бугарското место Горни Лом се категорични дека не сакаат веќе во нивна близина да работи заводот за муниција. „Од тие што работат таму, секој ден слушаме дека животите им се во опасност“, раскажува жител на селото. Судбината на 15 лица вработени во фабриката и натаму е неизвесна. Меѓу нив 12 се работници и тројца од управата на компанијата. Опасноста од нови експлозии во фабриката и натаму трае, па засега објектот само се надлетува со беспилотни летала. Досега не се пронајдени никакви знаци на живот, поради што се проценува дека шансите да има преживеани во несреќата се исклучително мали. Бугарските истражни органи спроведуваат претреси во фирмата-сопственик на фабриката, против која во последниот период биле поднесувани повеќе пријави за прекршување на работничките права и на законските одредби за заштита при работа. Платите за работниците биле многу скромни. Во експлозија во фабрика во Бугарија загинаа 15 работници – работеле за 120 евра плата!
Слично

Поврзани вести