Експлозија во Анкара, најмалку 25 загинати и 75 повредени
Експлозијата одекнаа во еден од парковите во турската престолнина.
Експлозија го потресе центарот на Анкара. Од канцеларијата на гувернерот на Анкара соопштија дека најмалку 25 лица загинале, а други 75 се повредени. Врховниот совет забрани медиумско покривање од местото на експлозијата. Сепак медиумите пренесуваат дека експлозијата е предизвикана од автомобил-бомба, но оваа информација не е официјално потврдена.
Засега причините за експлозијата не се познати. Сведоци тврдат дека експлозијата се случила во близина на централната автобуска станица на булеварот Ататурк, во близина на многу министерства, а неколку возила се во пламен.
Во последните месеци нападите во Турција воопшто не се малку. На 18 февруари силна експлозија во централниот регион Чанкаја ја потресе турската престолнина Анкара.
Слично
