„Експлозија“ на вирусот во Косово, денес имаат повеќе заразени од Србија
Косово урива рекорди со бројот на заразени од коронавирусот, а денес има повеќе од Србија, Хрватска, Македонија.
За 24 часа имаат рекордни 1.009 случаи. Бројот на активни случаи денеска достигна 4.414. Реализирани се 540 илјади вакцинации, од кои скоро 18 илјади вчера.
За споредба, Србија денес има 983 заразени. Хрватска има 333 нови случаи на коронавирусот. Во последните 24 часа во Македонија се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи.
foto reuters
Слично
