Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОЗИИ ВО РИЕКА, УАПСЕНИ ХРВАТ И ГЕРМАНЕЦ: Планирале уште еден напад

ЕКСПЛОЗИИ ВО РИЕКА, УАПСЕНИ ХРВАТ И ГЕРМАНЕЦ: Планирале уште еден напад

Доцна синоќа, околу пополвина час по полноќ била активирана експлозивна направа во близина на управната зграда на деловен субјект во близина на Tower центарот во Риека. За среќа, како што информираат од хрватското МВР нема повредени лица.

Непосредно, пред да се активира бомбата, околу полноќ, полицијата во Риека пред трговскиот центар во Кострена пронашла германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа. Двајца се приведени во полициска станица.

Истрагата е во тек за да се утврдат сите факти и околности. За овој успех на полициските службеници на социјалните мрежи им честиташе министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

ФОТО: MUP-Hrvatska


Слично

Поврзани вести