Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлодираше профитот на Фејсбук, еве и како!

Експлодираше профитот на Фејсбук, еве и како!

Компанијата Фејсбук оствари скок на приходите од 40,5 одсто во третото трoмесечие оваа година.

Подобри приходи оваа компанија оствари благодарение на лансирањето на новата рекламна услуга и ажурирање на нејзината мобилна апликација.

Приходот е зголемен на 4,5 милијарди долари, додека година претходно беше 3,2 милијарди долари. Аналитичарите очeкуваа приход од 4,37 милијарди долари. Нето профитот пораснал на 891 милион долари (31 цент по акција) , додека пред една година бил 802 милиони долари (30 центи по акција). Профитот, не сметајќи ги додатните ставки, достигнал 57 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа дека ќе биде 52 центи.

Приходите од реклама скокнаа дури за 45,5 одсто, на 4,3 милијарди долари од што 78 одсто потекнуваат од мобилни реклами, додека тој процент изнесувал 66 одсто пред една година.

Слично

Поврзани вести