Eксплодираше гасовод при изградба на пат
Во предградието Силиври во Истанбул денеска експлодирал гасовод при изградбата на пат, објави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Експлозијата предизвика голем пожар. На местото на инцидентот се испратени повеќе противпожарни возила.
Нема информации за загинати или повредени луѓе.
Причината за експлозијата засега не е позната.
Слично
