Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЛОДИРАШЕ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Таа е на највисоко ниво за повеќе од месец

ЕКСПЛОДИРАШЕ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Таа е на највисоко ниво за повеќе од месец

Цената на златото се зголеми во петокот до највисоко ниво за повеќе од еден месец. 

Неделното поскапување кај златото изнесува околу 1%,  покажуваат податоците на FactSet и е четврто последователен неделно покачување.

Растот на цената се случува по објавување на  извештајот за вработеноста во САД. 

Податоците дадоа последователна причина за намерата на Федералните резерви на САД да ја зголемуваат постепено каматата. Растот на вработеноста во САД е забавен до 138.000 и нови позиции, што беше и под очекувањата за 185.000 нови работни места. Од друга страна, невработеноста продолжува да се намалува до 16-годишен минимум од 4,3%.

Златото со испорака во јуни поскапе во петокот до 1 278,77 долари за унца на платформата Comex во Њујорк, при што растот изнесуваше 0,93%. Вредноста беше највисока од 25 април.

Доларскиот индекс се намали во петокот со 0,57% до 96,61 поени, што е најниско ниво при затворање од изборите на 8 ноември лани. 

Investing.com наведува дека обично златото и доларот се движат во спротивни насоки. Поевтинувањето на доларот го прави златото, што е деноминирано во американската валута, попривлечно за носителите на други валути.

Според трејдерите има 88% веројатност Федералните резерви да ја зголемат каматата за 25 базични поени на следното заседание што завршува на 14 јуни.

Во петокот среброто поскапува со 1,56% до 17,55 долари за унца, а бронзата имаше пад од 0,44% до 2,57 долари за фунта.

Кон 10:10 часот во понеделник златото се тргува со мал раст од 0,16% до 1 282,27 долари за унца.

Слично

Поврзани вести