Експлодираа цените на златото, само едно нешто може да ги урне!
Цените на златото експлодираа оваа недела, надминувајќи го нивото од 1280 долари за унца.
Тоа е највисоката цена од јануари 2015 година, кога цените беа на врвот од околу 1310 долари.
Златните плочки се барани од инвеститорите кои бегаат од колебливите акции, обврзници и сурова нафта, барајќи сигурно засолниште во жолтиот метал.
Еден од факторите кој би можел да го ослаби ентузијазмот на купувачите е силниот извештај за работни места во САД.
Ако економијата на САД продолжи да јакнее, Федералните резерви би можеле повторно да ги подигнат каматните стапки, што веројатно би ја ослабнало цената на златото.
Цената на златото ја следат и другите метали, па среброто се тргувало во петокот по цена од 15,75 долари по унца, а платината на ниво од 985 долари.
