Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експлодира побарувачката за злато-скок од 141 отсто

Експлодира побарувачката за злато-скок од 141 отсто

Побарувачката за злато скокнала во второто тромесечие во тековната година бидејќи инвеститорите побарале сигурни засолништа како би се заштитиле од глобалните превирања.

Вкупната побарувачка за злато изнесувала 1050 тони во периодот април-јуни, што е скок од 15 отсто во однос на вториот квартал од 2015 година, објави Светскиот совет за злато (WGC), пренесува Франс прес.

Со тоа побарувачката за „жолтиот метал“ во првата половина на годината достигна 2335 тони, второ највисоко ниво за тој период, кој не е далеку од 2.371,5 тони забележани во 2013.

„Инвеститорите трагале за диверзивикација на ризик и безбедно чување на вредноста на вложување во светло на продолжение на политичката, економската и социјалната нестабилност“, наведува лондонската канцеларија  WGC.

Инвестиционата побарувачка скокнала 141 отсто, на 448 тони во вториот квартал, додека во текот на првата половина се качила на рекордни 1064 тони, стимулирана со растот на цената на златото.

Побарувачката за накит потонала 14 проценти, на 444 тони, со остар пад на клучните пазари на Кина и Индија, а се намалени и купувањата на централните банки.

Инвеститорите исклучително го ценат златото како сигурно за остраврување на вредноста на своето вложување во време на зголемени геополитички и економски потреси.

„Во 2016 година се случија низа настани кои создаваат економска и политичка несигурност“, објави WGC во најновиот извештај „Трендови на побарувачката за злато“.

„Изборите во САД, референдум во Велика Британија за членство во ЕУ и можни импликации на Брегзит, се опасна ситуација во италијанскиот банкарски сектор-се тоа заедно било значен мотив кога се во прашање инвеститорите во злато. Додавајќи го на тоа и продолжението на геополитичките немири на Блискиот исток, изборот на вложувачите во злато е зацементиран“, се наведува во извештајот.

Цените на злато скокнале за околу четвртина во текот на првата половина од годината, додава WGC, но не е прецизиран номиналниот износ.

Слично

Поврзани вести