Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЕРТОТ ПАВЛЕ ГАЦОВ: Мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот се покажа како целосно неуспешна

ЕКСПЕРТОТ ПАВЛЕ ГАЦОВ: Мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот се покажа како целосно неуспешна

Павле Гацов, даночен експерт, преку својот фејсбук профил, укажува дека мерката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, се покажала како целосно неуспешна.
Тој наведува и неколку можни опции кои би се покажале како разрешница. 
„Празните рафтови и цени што никој не ги почитува!

... Државата треба образот да си го спасува...

Мерката за замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето е ЦЕЛОСНО НЕУСПЕШНА!“, пишува Гацов.

Натаму, тој нведува, дека има разрешница.
„Прва: Укинување на мерката (попаметно) и влегување во неколкудневни контроли кај сите непочитувачи, вклучувајќи контрола за сопствениците и нивните роднини (од имот дома и во странство, до автомобили нивни и на роднини, приходи по сите основи, сите залихи да се линкуваат со увозните декларации, наназад 5 години споредено со ценовници на добавувачите од странство преку соработка со тамошните даночни органи, издавањето на фискални сметки, годишни сметки и даночни биланси, годишни даночни пријави, дали трошеле бенифицирана струја, ... итн, итн.)

Второ: Инстистирање на целосно спроведување на мерката. Преземање на ригорозна и робусна акција за спроведување на мерката, што ќе биде запамтена од сите учесници како показна вежба за непочитувачите.

Трето: Одмолчување. По празниците и после 1 мај и така зеленчукот и овошјето ќе поефтинат. Мерката била одвишна, погрешна и непотребна. Panta rei....

Факти:

Низ маркетите, „замрзнати“ зеленчуци и овошја нема. Не се почитува одредбата за задолжителна набавка на 70% од набавките во март 2023 година. Во помалите дуќани се нуди патлиџан и краставица под рака само за редовни муштерии, по повисоки цени и без фискална... navodno, била набавени многу поскапо, не можеле да се продаваат на фискална, а не биле и примени на залиха...

На зелените пазари пак друга приказна, цените на овие зеленчуци и овошја отидоа „у васиона“ и се мнооогу повисоки од замрзнатите цени.

Државата треба да си го спасува образот!“, пишува Гацов. 

Слично

Поврзани вести