Експертите предупредуваат: Илјадници луѓе наскоро ќе ги изгубат своите работни места во Германија
Компаниите масовно затвораат фабрики, го преместуваат производството во странство и најавуваат драматични бранови отпуштања. И додека трошоците за енергија, работна сила и бирократија растат од месец во месец, експертите предупредуваат: Доколку продуктивноста не се зголеми, Германија ќе се соочи со период на стагнација што многумина го нарекуваат „изгубена деценија“.
Според „Билд“, Германија се соочува со сериозен бран на затворање на компании. Поради високите трошоци за енергија, сè поскапата работна сила и обемната бирократија, многу компании едвај преживуваат или едноставно се откажуваат. Податоците објавени од Иницијативата за нова социјална пазарна економија (INSM) го откриваат обемот на проблемот.
На само 88 локации низ земјата, 147.522 работни места наскоро ќе исчезнат. Анализата на INSM ги вклучи сите најавени намалувања од 1 јули 2024 година па наваму, а трендот, тврдат тие, е драматичен.
INSM претходно предупреди дека без раст на продуктивноста, Германија се движи кон период на економска стагнација. Според нивниот извештај, објавен на официјалната веб-страница на организацијата, БДП стагнира од 2019 година, додека населението расте, па БДП по глава на жител веќе падна на 1,5 проценти. Стареењето на населението дополнително ја влошува кризата: се предвидува дека „инвестициите во работна сила по глава на жител“ ќе паднат уште поостро до 2035 година, ставајќи ја Германија во посебна неповолна положба.foto freepik.com/bearfotos
