Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСПЕРТИ ЗА МОЖНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ ВО МВР: Ако имало незаконие, мора да има и одговорност!

ЕКСПЕРТИ ЗА МОЖНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ ВО МВР: Ако имало незаконие, мора да има и одговорност!
Актулени и поранешни владини функционери без основа користеле обезбедување и службени возила на МВР. Оваа вест што ја објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, според дел од експертите, отвора неколку прашања за кои јавноста мора да биде информирана во детаљи, а случајот да добие и правна разврска. Поранешниот претседател на Комисијата за спречување на корупција, Драган Малиновски објаснува дека овој случај што го отвори министерот Спасовски мора да се обелодени целосно, односно точно да се посочат сите лица кои незаконски уживеле бенфиции и оние кои тоа им го овозможиле. “Тука нема сомнение дека има недоговорност  и можни злоупотреби. Само прашање е како тоа да се градира , дали се работи за бенигни случаи или за подлабока форма на злоупотреба. Мора да има одговор на прашањата кој ги користел овие бенефиции, по основ на која регулатива во какви околности, особено во делот на доделеното обезбедување. Имено, и обичен граѓанин доколку се пожали и има основ дека неговата безбедност е загрозена, може да добие службено обезбедување, односно заштита, и затоа овие случаи на користење на обезбедување од МВР од страна на познати политичари, јавни личности, естрадни уметници мора да се аргументира пред јавност.“   Министерот Спасовски објави дека звучни поранешни и сегашни функционери неосновано користеле службени возила и обезбедување од МВР само врз основа на усна наредба. Еве кои лица ги посочи министерот Спасовски и што изјави за нив: -Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата на Република Македонија за кој не постои никаква законска можност да може да добие обезбедување. -Емил Димитриев, пратеник во Собрание на Република Македонија и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така со усна наредба без никаква законска можност. -Михајло Маневски, поранешен министер за правда на кој исто така со усна наредба му е доделено обезбедувањето се до први 12 оваа година. -Мартин Протогер, советник на претседателот на Влада на Република Македонија исто така без никаков акт, со усна наредба. -Гоце Џуклевски, националниот координатор на Националниот координативен центар за гранично управување. Исто така вон уредбата и без никаков акт. -Јохан Трчуловски, исто така без никаков акт и без никако основ. Министерот објави дека на листата е и пратеникот Амди Бајрам , “Амди Бајрам, пратеник во Собранието на РМ, за кој сакам да ја информирам македонската јавност дека луѓето кои биле во неговото обезбедување долго време наназад, за нив постои два пати или три пати издадена наредба по 10 дена дека треба да работат на обезбедување на одредени личности или трансфер на пари без притоа да се наведе дека ќе го обезбедуваат пратеникот Амди Бајрам и не знам од кои причини и да напоменам дека има решение сега во моментов дека терба да добие обезбедување, дадено 09.11.2015 година, два дена пред мојот избор за министер за внатрешни работи. Без притоа да имаме безбедносна проценка за тоа дали треба и во каква форма да има обезбедување или користење на било кои други средства“, рече Спасовски. Според експерите, законската регулатива јасно утврдува кој и по каков основ може да добие заштита од МВР, но и на располагање службено возило. “Користењето на службени возила е сосема друга работа која јас би ја одвоил од користење на службено обезбедување. Би го посочил примерот со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, кој според информациите користел службено возило иако тоа не му следува по закон. Тој и сличните како него мора да видиме како ќе го оправдаат тоа . Овие инфрмации за можни злоупотреби мора да се расчистат до крај, да не остане ниту ронка простор за сомнеж. Мора да се види во кои случаи е постапено спротивно на законот и аргументирано да се посочи каде имало злоупотреби, за на крајот да може да и се побара одговорност“, вели Малиновски. Случајот со користење на обезбедување и возила од МВР допрва ќе се истражува во рамките на министерството. Спасовски најави дека издал  наредба да се испитаат сите индиции и наводи за утврдување на одговорност за ваквите состојби. “Се работи за сериозни укажувања и сомневања за пречекорување на овластувањата со која е нанесена голема материјална штета на МВР. Стотици возила и луѓе биле непотребно ангажирани врз основа на субјективни проценки на неовластени лица во постапката и некомпактибилни со уредбата којашто го регулира овој процес. Исто така е констатирана злоупотреба кај одредени раководни лица со 24 часовно користење на возила на Министерството за внатрешни работи. И затоа веќе се започнати постапки. Да се утврди кој го прекршил законот односно подзаконските акти и интерните процедури во МВР. Да се утврди колкава е материјалната штета предизвикана во буџетот на МВР“, изјави министерот Спасовски. Од МВР информираат дека постојат две решенија, за Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, врз основа на уредбата, за кои по престанок на функцијата им следува обезбедување врз основа на проценките најмногу до година дена и тие се покриени со решението.  
Слично

Поврзани вести