Експерти за Фактор: Извештајот е полош од лани
Македонија по пети пат доби препорака за отпочнување на преговори со Европската унија, но последниот извештај на комисијата за напредокот на Македонија изобилува со серија забелешки, а воочлива е и поостора реторика. За дел од домашната експертска јавност најновиот извештај е полош од ланскиот, иако успеваме да добиеме препорака за старт на преговорите. Фактор разговараше со универзитетскиот професор Стево Пендаровски и аналитичарот Алберт Муслиу.
Србија со Косово ги криеше внатрешните проблеми, така сега Македонија со Грција ги сокрива своите проблеми
За универзитетскиот професор Стево Пендаровски последниот извештај за напредокот е полош од ланскиот, а тој пак беше полош од прекланскиот.
„Како што Србија со проблемот со Косово ги криеше дупките односно внатрешните проблеми, така Македонија со спорот за името со Грција ги крие сите дупки за реформите кои не ги правиме. Кај нас сега во преден план е проблемот со името, како што кај србите беше проблемот со Косово.Тврдам дека проблемот со името ги замаглува сите проблеми кои ги имаме“, вели Пендаровски. Овој извештај годинава во сите клучни сегемнти судство, администрација, медиуми, човекови слободи и права и меѓуетнички односи е полош од ланскиот, објаснува за Фактор, Стево Пендаровски и додава има надолни трендови, но и лоши тенденции.
„Она што се гледа од годинешниов извештај е дека проблемот со медиумите е најголем. Медиумите се на прво место по тежината на забелешките. Не бадијала и еврокомесарот за проширување Штефан Филе вели ако почнеме да преговараме ќе стартуваме со поглавјето каде се медиумите. Во моментот Македонија има најлоша медиумска сцена, односно најмалку медиусмки слободи, полоши дури и од Унгарија и не случајно е што комисијата ја нотира како најголем проблем“, вели Пендаровски и дополнува дека по тежина по медиумите како проблематични се нотирани судството, а на трето место се меѓуетничките односи. Не е сјајна состојбата и со економското поглавје, додава Пендаровски, во економијата Брисел бара од Македонија да даде јасна стратегија за јавниот долг, искажувајќи загриженост за нивото на јавниот долг, вели Пендаровски. За него, дополнително загрижувачки е што Македонија нема ниту еден единствен сојзуник во ЕУ.
Позитивно е што имаме препорака, а негативно е што имаме многу забелешки
Аналитичарот Алберт Муслиу по првичните реакции на власта и опозицијата за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија вели дека ниту власта, ниту опозицијата лажат.
„Позитивно е што имаме препорака, а негативно е што имаме многу забелешки, голем број работи што треба да се решат. Корупција, независно судство, партизирана администрација, загрозена слобода на изразување. Во последните извештаи имаме и додатоци од типот на неопходен е политички дијалог. Двете страни кога го читаат извештајот не лажат. Ние треба да сме среќни што добивме препорака повторно, но не можеме да сме задоволни затоа што дел од забелешките влијаат и на квалитетот на живеење“, смета Муслиу. Повикувајќи се на изјавата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој кажа дека главна пречка е спорот со името, Муслиу додава дека спорот со името е главна, но не е единствената пречка.
„Другите забелешки се дел од извештајот. Јас се радувам што ете од Владата најавија акционен план за надминување на забелешките кои ни ги испорача ЕК“, дополни Муслиу.
Македонија завчера доби уште една пета по ред, препорака за отпочнување преговори со Европската унија. Иако за еден дел од македонската јавност ова е позитивен исчекор за земјава на патот кон Брисел, сепак за солиден дел од граѓаните и експертите Македонија од година во година се повеќе назадува.
И.М.

Слично