Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти: Турција задржува добра економска стабилност

Експерти: Турција задржува добра економска стабилност

Економијата на Турција ќе забележи раст од 3,6% во 2016 година задржувајќи релативно добра економска стабилност.

Тоа го предвидуваат од компанијата за кредитно осигурување „Кофас“ во својата анализа за оваа земја.

Во изминатите години Турција имаше умерен економски раст. По зголемување за 4,2% во 2013 година, растот се забавува до 2,9% во 2014 година.

За минатата година се очекува тој да е 4,2%, според податоците на Светската банка.

Турција е 17-тата најголема економија во светот.

Според прогнозата на „Кофас“ растот на бруто домашниот производ на Турција за оваа година се заснова во голема мера на бавното закрепнување на светската економија.

Свесни за бегалската криза и сродните геополитички промени, од компанијата за кредитно осигурување сепак сметаат дека земја како Турција, иако е изложена на миграциски притисок задржува релативно добра економска стабилност и не се карактеризира со сериозно зголемување на ризиците.

Според аналитичарите, растот може да се искористи од слабеење на внатрешни политички тензии.

Исто така фактор за економскиот развој таа земја се солидни јавни инвестиции, предвидуваат експертите.

Како негативно влијание за Турција се евидентираат несигурната регионална средина, самоубиствените напади, како и влошувањето на односите со Русија. Досега турската економија не погодена од негативното влијание на терористичките напади, но се очекува овие напади аа имаат сериозни последици .

Слично

Поврзани вести