Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти од ОБСЕ ќе го чешлаат Избирачкиот список

Експерти од ОБСЕ ќе го чешлаат Избирачкиот список

Со помош на експерти од мисиите на ОБСЕ и ОДИХР ќе се утрврдува на состојбата на избирачкиот список и ќе се расчистуваат сомнежите околу него. Проверката на листата е најавена во септември, а од  Државната изборна комисија остануваат на ставот дека нема поголеми проблеми со избирачките списоци.

Денеска работната група за проверка на списокот ја договори динамиката на ажурирање, а беше објавено дека од МВР се очекуваат податоци за околу 10илјади гласачи на кои до локалните избори им истекол рокот на важење на биометриските исправи.

Според надлежните, до денот на распишувањето на последните избори во јануари па се до 21 април МВР им издало биометриски лични исправи на 53.029 граѓани. Од нив 3.600 се за лица кои станале полнолетни до денот на изборите, а во моментот на распишување на изборите 118.711 лица биле со стари лични исправи, додека на 10.600 им истекувала важноста на биометриските документи.

Според претставникот на ЕУ во Скопје Скозуба многу е важно да се продолжи со активностите за ажурирање на списокот и методологијата за негова надворешна проверка.

„Бидејќи ревизијата на избирачкиот список е спомената во високо пристапниот дијалог, ние ја поддржуваме соработката меѓу вашата институција и ОБСЕ и многу е битно да постои политички дијалог во спроведувањето“, посочи Скозуба.

Слично

Поврзани вести