Експерти ќе анализираат како да се зголеми безбедноста на рударите во „Саса“
Работна група составена од експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Рудникот за олово и цинк „Саса“ ќе ја анализира состојбата во рудникот и ќе предложи мерки за подобрување на безбедноста на рударите.
Ова било договорено на синоќешната средба кај градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски.
„Работната група треба да направи анализа преку која ќе ги утврди причините за досегашните несреќи во рударските окна и да предложи соодветни мерки поврзани со безбедноста на работните места, што ќе треба да ги применува одделот за управување со човечки ресурси во „Саса“, вели Митевски.
По рестартирањето во 2009 година во рудникот „Саса“ се случија неколку несреќи, во кои осум рудари ги загубија животите. При последниот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика на менаџментот на Рудникот „Саса# и на компанијата им беа изречени казни во висина од 50.000 евра.
Слично
