Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерти: Биткоинот може да достигне 5 000 долари

Експерти: Биткоинот може да достигне 5 000 долари

Курсот на дигиталната валута може да порасне уште и да достигне 5.000 долари до крајот на 2017 година.

Ова се предвидувањата на аналитичарите од компанијата Standpoint Research, цитирани од CNBC.

„Во следните неколку месеци може да ја видиме цената на 5000 долари и уште сега може да го видиме движењето во оваа насока“, вели Рони Моас од Standpoint Research.

Според него валутата расте како шумски пожар и во следните 6-12 месеци може да започне нешто како хистерија. Сепак, „тоа е еден долг, долг пат пред да дојде до надувување на балонот“.

Во моментов валутниот курс на Биткоинот е околу 2600 долари. Неговата вредност набрзина се зголемува оваа година, достигнувајќи рекордни 3.000 долари на 11 јуни.

Зголемената популарност на криптовалутите тера многу експерти да го предвидат нивното темпо на раст. Аналитичар од Goldman Sachs Шеб Џафари смета дека курсот на биткоинот може да достигне 3900 долари.

Да вложевте 100$ во биткоин пред 7 години, денес ќе имавте 83 милиони. Бесплатен онлине курс: Како да тргувате со биткоин

Слично

Поврзани вести