Економија, финансии, бизнис

Контакт

Експерт од ОБСЕ ќе го „чешла“ Избирачкиот список

Експерт од ОБСЕ ќе го „чешла“ Избирачкиот список
Во присуство на експертот од ОБСЕ Џон Арон, се одржа состанок на работната група за проверка на Избирачкиот список , каде беа посочени проблемите забележани во избирачките списоци. Како што посочи гостинот, ќе се проверува дали во Избирачкиот список има невалидни гласачи, дали исти гласачи повеќепати се запишувани, а најави и дека ќе  укаже на постоечките недостатоци. „Јас не правам ревизија, туку може да предложам ревизија, која ќе ја направи Комисијата за избирачки список. Мојата цел не е да барам лични податоци, туку каков тип на проблеми има во Избирачкиот список, а од репрезентативните примероци ќе утврдиме дали има недостатоци“, појасни Арон кој повеќе од една деценија работел на избори и гласачки списоци на Косово, Украина, Азија и Африка. Сега тој треба да ја утврди методологијата за проверка на веќе составениот македонски Избирачки список и да даде препораки и насоки за нивно отстранување од страна на Државната изборна комисија. „Една од поплаките кои ги имаат политичките партии по изборите е дека избирачкиот списокот неточно го отсликуваат гласачкото тело, па затоа се прави ревизија, она за што и јас сум во Македонија", рече Арон. Тој следниот период ќе бара погрешно податоци, како имиња, адреси и друго, да се идентификуваат оние кои недостасуваат во списокот од разни причини, дали има многукратни податоци за една иста личност или премала застапеност на одредени групи, како жени или малцинства. Вели дека има повеќе начини да се спроведе ревизијата, а најави и дека ќе предложи комбинација од методи за проверка на списокот и извештај готов за неколку недели. Ккао што истакна претседателот на Работната група, Бедредин Ибраими од ДИК ќе му овозможи се што треба за успешно завршување на работата. Од Агенцијата за заштита на лични податоци забележаа дека неможе да се користат личните податоци, како и пописот на населението бидејќи тоа не е во согласност со постоечкиот Закон за заштита на личните податоци.
Слично

Поврзани вести