Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕКСКЛУЗИВНО: Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија!

ЕКСКЛУЗИВНО: Викторија Нуланд се вклучува во решавање на политичката криза во Македонија!
Жешко политичко лето  ја очекува Македонија откако пропадна првиот посериозен бриселски обид  ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ да постигнат договор кој требаше да го отвори патот кон постепена нормализација на ситуацијата во земјата преку формирање на преодна Влада. пишува Горазд Чомовски Првиот рок за премостување на кризата е до крајот на јуни, а доколку и до тогаш нема решение, вториот ќе биде крај на август,  велат доброупатени извори за „Фактор“ кои најавуваат  дека  во наредните неколку недели ќе се засили притисокот  врз  клучните политички субјекти . Како времето ќе минува  така притисокот  врз премиерот  и лидер на ВМРО ДПНЕ  Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев  ќе се зголемува, а ќе кулминира  во текот на јули кога се очекува  во Скопје да допатува  американскиот помошник  државен секретар за Европа и Евроазија Викторија Нуланд, брифираат извори за „Фактор“. Брисел во координанција со Вашингтон  прави обид  да ја врати земјата во нормален  колосек,  целта  меѓудругото е  и да се спаси препораката  за почетокот на преговори со ЕУ која е ставена под знак прашање. Засега имаме лимбо ситуација во која двете стани се многу далеку една од друга, велат дипломатски извори за Фактор. Во текот на  наредните неколку денови  се очекува да се одржи нова рунда преговори , овој пат најверојатно иницирана од  македонскиот претседател  Ѓорѓи Иванов. „Фактор“  се обрати до кабинетот на шефот на дражавата.  На прашањето  дали по пораката од Брисел  дека македонските лидери сега сами треба да понудат  излез од кризата,  Иванов  би ја превзел  улогата на медијатор-олеснувач,  одговорот  оттаму беше дека немаат коментар. Решение на кризата секако ќе има Поранешниот потпретседател на  СДСМ  Гордан Георгиев е загрижен што македонското  граѓанство не покажува автохтон капацитет да ја скицира идната (посакувана) поставеност на општеството,туку постојано се "повикува" на надворешни фактори кои ја оневозможуваат таа иднина. „Груевски е апсолвирана приказна и на него не може да се смета дека може да придонесе за поставување на темелите за подобро општество, но не може да се отфрлат сите оние илјадници граѓани кои гласале или кои ќе гласаат за него. Со таквиот редукционистички пристап нема прогрес,напротив, има уште поголемо продлабочување на кризата. Второ, јалови се очекувањата на македонските слободоумни граѓани/интелектуалци дека Хан (треба да) го интересира потребата за длабока демократска трансформација на македоското општество. Него го интересира само и само брз успех и стабилизација на државата. Сепак мислам дека наскоро ќе биде постигнат договор, бидејќи приказната е влезена во некаков колосек, и нема да се дозволи да се излеат ирационалните чувства и политики надвор од тој колосек“ ,    проценува за  Фактор Гордан  Георгиев,  поранешен  втор човек на најголемата опозициска партија.    Универзитетскиот  професор  и советник  од редовите на ВМРО ДПМНЕ  во град Скопје Владо Поповски пред неколку дена во интревју за Фактор оцени: Таканаречените бомби не се еднозначни и тие во секој случај покажаа изораност на системот особено на институциите. Второ,  натрупаа  толку многу проблеми, почнаа да ги тресат темилите на општество и на државата. Токму затоа  потребно е низ една легална  постапка ако не веднаш , тогаш  за релативно кусо период да се даде одговор на сомнежи и обнивување од страна на СДСМ а се адресирани до власта. Сите индикации кои што укажуваат на евентулани злоупотребени од страна на власт кои што имаа инкриминирачи   дејствија треба да бидат  испитани, тоа е во делот на правната   разврска . На ниво на политичка одговорност тоа би можело да се разреши со формирање на Анкетни комисии во Собрание кој што би имало паритетен состав и  каде претседател би бил од  редовите на опозицијата“. Пет години, пет возбудливи лета   Во последниве пет години речиси секое лето е возбудливо на политичката сцена.  2011 беше изборна година, летото мина  во преговори за нова влада.  Атмосфера дополнително се зовре со     убиството на  Мартин Нешковски и протестите што се случија по него со апсењето на Љубе Бошковски. Во тој период  се затворија  и четирите  хашки случаи против ОНА со автентичното толкување на Законот за амнестија. Пред  три  години  имавме само  навидум мирно лето кое беше нарушено со поклонувањето на припадниците на АРМ  пред споменикот на ОНА  во организација  на  тогашниот министер за одбрана  Фатмир Бесими. 2013 година помина во обиди за расчистување на тоа што се случи на самиот крај од 2012-та, кога од Собранието на 24 декември беа исфрлени пратениците од опозицијата, за да може да се изгласа државниот буџет. Комисијата работеше до последниот рок за да постигне договор. Минатото лето Македонија беше  во постизборна атмосфера . Се договараше  новата владина коалиција, но во истовреме опозицијата   постојано  обвинуваше  за изборна измама поради што  донесе одлука да го бојкотира парламентот  враќајки ги пратеничките мандати.
Слично

Поврзани вести