Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ексклузивно: Васили Евдокимов ја предводи фирмата што сака да го преземе Макпетрол!

Ексклузивно: Васили Евдокимов ја предводи фирмата што сака да го преземе Макпетрол!
Британецот Васили Евдокимов е директор на компанијата Балкан Петролеум Холдинг, заинтересирана за преземање на нафтениот гигант Макпетрол. Фирмата е основана на 28 мај 2016 година, покажуваат документите до кои дојде Фактор и кои ексклузивно Ви ги објавуваме. balkan petroleum balkan petroleum1 На интернет може да се види дека името на Евдокимов се споменува како поранешен директор на повеќе оф шор фирми, а тој е дел и од Панама Пејперс. Британски државјанин е, роден 1957 година. balkan petroleum12 Како што веќе напишавме засега не можеме да знаеме точно кој стои зад  новата фирма. Ако е точно дека е оф-шор тогаш може да се заклучи дека потенцијалниот газда на „Макпетрол“ или не е стратешки партнер од нафтениот бизнис или пак дека се крие зад новоформирана фирма плашејќи се од негативен ефект врз имиџот во случај да пропадне понудата. Или пак зад него стојат тајкуни што не сакаат да бидат откриени. Во тој случај Евдокимов би бил само рент-а фејс. Сепак сериозно е тоа дека некој ќе депонира 50 милиони евра во нашата централна банка и ќе чека да ги откупи сите акции, макар и од тие што сакаат да продадат, преку јавна понуда, нели доколку КХВ ја одобри неговата намера и му одобри да објави јавна понуда. На следниот линк се за најавениот обид за преземање:

ПРЕЗЕМАЊЕ?! 50 милиони евра се „зафрканција“ за фирма како Макпетрол!

Слично

Поврзани вести