(ЕКСКЛУЗИВНО) МИЛИЌ ЗА ФАКТОР: Ал Џезеира не е виновна што во Македонија има меѓуетнички тензии!
Во ексклузивното интервју за Фактор Горан Милиќ, директор на Ал Џезеира за Балканот говори за медиумите, за состојбите во новинарската фела во регионот, советува како македонскиот јавен сервис, МТВ да се спротистави на политичките влијанија во земјава.
Милиќ во наредните неколку недели ќе престојува во Македонија каде ќе работи репортажа во рамките на неговата емисија „Алхемија на Балканот“ зборува открива кои ќе бидат неговите соработници, дали Заев и Груевски ја прифатиле поканата да бидат дел од овој проект на Ал Џезеира. Целото Видео интервју на Милиќ за Фактор ќе го објавиме утре, а во најавата за интервјуто погледнете што мисли Милиќ за последната емисија на Ал Џезеира за Македонија, „Луѓе и моќ“ која тука предизвика многу контроверзни реакции.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=D52OlRlEoaY[/embed]
Фактор: Започнувате со снимања во време кога вашата телевизија е мета на критики по објавувањето на репортажата Луѓе и моќ“. Критичарите Ве третираат како претходница на моќните медиумски гладијатори на војната. Како ги оценувате забелешките дека документарецот „Луѓе и моќ“ поттикнува верска и етничка поделеност, дека е необјективно прикажана сликата, дека е антидржавен прилог?
Милиќ: Антидржавен!? Зошто би правеле таква репортажа за Македонија? Вие верувате дека Ал Џезеира би направила нешто тенденциозно, со својата уредувачка политика? Не. Ова е Би-Би Си школа. Еве јас предлагам репортажата на иста тема да ја направи Би Би Си. Нема да се разликува од Ал Џезеира пристапот за Македонија ни во запирка. Тоа е новинарски поглед. Уредувачкиот и новинарскиот кодекс го пишуваат англичани, експерти од Би Би Си. И ние целосно се придржуваме кон нивните критериуми , освен во една реченица, што е слоган на јавниот сервис во Лондон. Кај Би Би Си пишува дека телевизијата го промовира британскиот начин на живот. Ние не промовираме ништо и никого.
Што се однесува до меѓуетничките тензии во Македонија, зарем Вие мислите дека ги нема? Доколку дадете таква изјава ќе прашам уште десетина граѓани и доколку сите негираат постоење на тензии , нема некој што ќе биде посреќен од мене! Но што ако се потврдат информациите за тензиите. Дали тој што ќе каже таква констатација ќе биде прогласен за антидржавен непријател? Тоа што важи за Македонија мислам дека веќе било и е идентично за Хрватска, Португалија, Шпанија, Белгија.
Тоа тој европскиот принцип, ако нешто има, не треба да го ставаме под тепих. Јас сакам да нема. Еве, екипата на Ал Џезеира и јас како автор ќе правам позитивен серијал за Македонија и гледачите ќе уживаат во сликата за неа. Но немојте да ми кажувате дека меѓуетничките состојби се идеални дека имате одлични односи со соседите?! Ако е се така идеално Македонија експресно ќе влезе во ЕУ .
Целото интервју на Горазд Чомовски со Горан Милиќ ќе го објавиме утре
Слично
