Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа во Скопје – Ситуацијата во Македонија е критична

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа во Скопје – Ситуацијата во Македонија е критична

Еврокомесарот за проширување  и добрососедска политика  Јоханес Хан   планира во првата половина на следната недела  да допатува во Македонија, соопштуваат за Фактор од неговиот кабинет.   Хан е на постојана  телефонска линија со партиските лидери  и  апелира  преговорите да продолжат што поскоро.

Неконструктивноста на Никола Груевски  наспротив  непопустливоста на Зоран  Заев  ја води земјата кон политички  амбис   кој претпоставувам  дека никој не го посакува . Токму затоа,   Брисел   не смее   да биде само  набљудувач  туку неопходно е  по директно  да се вклучи   во  политичкиот дијалогот   меѓу власта и опозицијата, посочуваат за Фактор  дипломатски извори .

Од Брисел за Фактор оценуваат дека  Македонија  се наоѓа во критична  ситауција. Токму затоа ЕУ очекува  лидерите  на партиите да демонстрираат  одговорност и конструктивност.  Потребно е да  покажат добра волја  за решавање на едно  отворено прашање. Земјата се се соочува  со поголеми предизвици   и нема време  за губење.

Портпаролката  на ЕУ  Маја Коцијанчич  за Фактор  вели:

Не смееете да дозволите да бидат загрозени суштинските елементи на една демократија. Политичка енергија треба да се фокусира на реализација на реформите како што е наведено во препораките на Комисијата, а не на партиските интереси.  Да потсетам  дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни и го потврди ова, на 19 јуни. Овој договор е основа за конечниот компромис. Тие мора да ги спроведе обврските кои тие ги направиле. Интересот  на земјата мора да  бидат  во прв план “ вели за Фактор Коцијанчич.

 Посетата на Хан на Скопје најверојано  ќе коинцидира  и со доаѓањето  на  помошникот државен секретар  на САД  Викторија Нуланд  која  исто така се очекува да допатува во земјава  во првата половина на следната недела.  Од  амбасадата на САД во Скопје   велат дека се у уште немаат  добиено потврда дали   високиот преставник  на Стејт Департментот ќе дојде во Скопје.

Инаку  како што објави Фактор  на средината на минатиот месец повикувајќи се на доброупатени  извори   рокот за премостување на политичката криза е крајот на август.  Првиот рок  за надминување на политичкиот јаз  беше крајот на јуни .

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести