Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ЕКСКЛУЗИВНО) Дорис Пак: Истрагата за аферата ,,Прислушување” не смее да остави простор за сомнеж

(ЕКСКЛУЗИВНО) Дорис Пак: Истрагата за аферата ,,Прислушување” не смее да остави простор за сомнеж

За аферата „Прислушување “ мора да се отвори сериозна судска истрага и детално да се испитаат сите наводи кои беа објавени од страната на опозициската партија СДСМ . 

„За жал никој не излезе со идејата да се побара мислење од Советот за безбедност на ОН за прашањето на бегалците. Мислам дека е крајно време! Треба да биде реални и да кажеме дека Европа не може сама да го реши проблемот.

Во разговорот Пак зборува и за грчко-македонските односи, но и блокадите во евроатланските интеграции.

Без целосна и ефективна правна разрешница за масовоното прислушување, особено за фактите во неа во Македонија само ќе се продлабочува кризата, а граѓаните ќе се чувствуваат несигурни во сопствената држава.

”Целиот процес мора да се води транспарентно и одговорно без да се остави простор за сомнеж дека се прикриваат одредени информации”, вели ексклузивно за Фактор поранешна пратенича во Европскиот парламент Дорис Пак .

“Прислушувањето секако беше нелегално, но ако содржината на она што се слуша во телефонските разговори е точно, тогаш навистина кредибилитетот на државата ќе биде ставен под знак прашање а проблемите и последицте нема така брзо и лесно да се решаат. Македонските политички елити треба да бидат свесни дека Европа детално ја скенира ситуацијата во земјата иако не секогаш јавно ги искажува сите забелешките кои се однесуваат на Македонија.

“Вашата држава, од последните избори па до денес е во перманентна внатрешна криза, проблемите наместо да се решваат тие се наталожуваат. Земјатa e во уште потежок период, не само поради неопходноста партиите да постигант договор околу преземените обврски кои произлегоа од преговорите кои се водеа со посредство на ЕУ, туку сега треба да одговорат на предизвикот со приливот на бегалците” .

За поранешната европареничка погрешен е впечатокот дека ЕУ е заморена од процесот на проширување со нови члени, иако не негира дека по приeмот на Храватска во Брисел серизоно се размислувало да се донесе одлука за замрзнување на прием на нови членки на подолг рок. Тезата дека ЕУ е заморена од проширувањето со нови членики е само делумно точна.

“Некои од земјите аспиранти не ги сфатија сериозно препораките од Брисел од потребата за спроведеување на реформи во областите како што се: судство, корупција , владеење на право..”

Сепак , Пак вели дека ја разбира фрустрираноста на политичарите кои треба да им објаснат на граѓаните зошто толку долго нивната земја се наоѓа во чекалната за прием во ЕУ. Но треба да им им биде јасно - Унијата гарантира мир и стабилност но во истовреме бара и прилагодување на европските вредности и критеруми.

Поранешната германската европаретничка, сепак оценува дека Македонија предолго чека за да ги отпочне преговорите со ЕУ поради континуираната блокада од Грција.

“Нестабилна Македонија е нешто што најмалку и договара на една Грција која исто така финансиски e слаба, а сепак двете соседни земји одлично економски соработуваат. Однесувањето на Грција, членка на ЕУ и НАТО е спротивно на европските вредности, како што е солидарноста. Националистичката реторика која се води од страна на владите на двете земји само создава конфронтации кои никому не му одговараат. Националистичките реакции од двете страни го отежнуваат уште повеќе шансите да се постигне компромис за името.

Фактор ја праша Дорис Пак и затоа како ја оценува европската миграциона политика на ЕУ и дали Европа има стратегија како да се справи со бегалскиот егзодус ..

„За жал никој не излезе со идејата да се побара мислење од Советот за безбедност на ОН за прашањето на бегалците. Мислам дека е крајно време ! Треба да биде реални и да кажеме дека Европа не може сама да го реши проблемот. Унијата активираше многу мерки, но тие не се доволни. Земјите членки треба да се договорат за праведна распределба на бегалците, како што е предложено од страна на Комисијата на ЕУ. Ако тоа не се случи, тоа ќе значи дека политичарите ги поткопуваат темелните вредности на ЕУ. Сепак мислам дека Брисел нема да ги остави земјите од Балканот на „цедило. Ќе најде начин да им помогне да ја пребродаат оваа голема бегалската и хуманитарна криза”, рече Дорис Пак во екслузивниот разговор за Фактор.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести