Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс вработени во ОХИС си ги бараат 24-те плати

Екс вработени во ОХИС си ги бараат 24-те плати
Поранешни вработени во хемискиот гигант ОХИС, денеска повторно протестираат пред Владата, со барање да им се исплатат 24-те неисплатени плати. Револтирани скоро четири месеци, секој вторник протестираат и бараат средба со владини претставници, за да ги добијат 24-те заостанати плати кои им ги должи државата.
Околу 800 луѓе останаа без работа откако Охис престана со работење. Некои од нив завршија под Завод за вработување како технолошки вишок и примаат надомест по 7.000 денари месечно.
Државата досега распиша десетици огласи за продажба на ОХИС, но  купувач уште нема.
Слично

Поврзани вести