Екс разузнавач на Македонија пронајден мртов на планина
Горан Софески, поранешен разузнавач и функционер во Воената служба за безбедност и разузнавање утрово беше пронајден мртов во шумски предел во атарот на кичевското село Раштани.
Безживотното тело на екс разузнавачот е пронајдено утрово, откако неговиот братучед го пријавил за исчезнат.
Медицинската екипа која го испитала местото на настанот, констатирала природна смрт и велат дека нема траги од насилство. Затоа и Јавното обвинителство одлучило да не се бара обдукција
Неофицијално, Софески дента бил во лов. Од дома, во блиската шума заминал сам. Што точно се случило, засега нема официјални информации.
Софески бил поранешен разузнавач и функционер на Воената служба, а последното работно место му било во Здружената оперативна команда на АРМ, чие седиште е во Куманово.
Слично
