Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс првиот човек на ФФМ згрозен од вчерашните снимки !

Екс првиот човек на ФФМ згрозен од вчерашните снимки !

Aко снимките се точни, тогаш е грозно. Jас со ништо не заслужив еден таков разговор, вели екс првиот човек на ФФМ, Харлампие Хаџиристески за Дојче веле по снимката која на вчерашната прес конференција ја објави лидерот на опозицијата и во која се слушаат закани за неговиот живот.

„Многу непријатно е да слушнете такво нешто. Дури и не ми се верува дека политичари може така да разговараат. Ако сето тоа е точно, тогаш е грозно. Спортот треба да биде настрана од политиката. Јас со ништо не заслужив еден таков разговор. Бев коректен и со сите свои постапки се трудев да ја задржам автономијата на фудбалот далеку од влијанието на политиката. Но, изгледа, не можело така“, вели Хаџиристески, пренесува 24вести.

На една од вчерашните аудио снимки, како што се тврди пред парламентарните избори во 2011-та во разговор меѓу Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески, Протоѓер изразува незадоволство од ФФМ зошти не се пуштени карти и упатува закани по живот, пишува гореспоменатиот медиум.

Слично

Поврзани вести