Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс министерот Бошковски на распит кај Катица

Екс министерот Бошковски на распит кај Катица

Денеска во 13 часот во Специјалното јавно обвинителство на распит се појави екс министерот Љубе Бошковски.

Со силна полициска придружба и лисици на рацете Бошковски беше донесен кај специјалната обвинителка Катица Јанева.

Засега не е познато за кој случај Бошковски дава исказ а СЈО неодамна го побара случајот „Кампања“ за кој Љубе има треба да одлежи уште три месеци во затворот „Идризово“.

Одбраната и адвокатскиот тим на Бошковски кога побара случајот да го презеде СЈО тврдеше дека имаат веродостојни информации за основано сомневање, односно индиции дека постојат транскрипти и снимки директно поврзани со процесот „Ровер“ кои се предадени на специјалниот обвинител“ при што не се исклучува можноста и предметот „Ровер“ да го преземе тимот на Јанева.

Слично

Поврзани вести