Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс министерката за финансии Ангеловска се врати на старата позиција

Екс министерката за финансии Ангеловска се врати на старата позиција

Нина Ангеловска, поранешната министерка за финансии се врати на функцијата претседател на  Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Самата објави дека овој ангажман и бил ставен во мирување кога била на државната позиција. СЕпак сега раководното место и е доверено нејзе. 

„По стапувањето на функцијата министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како Претседател, вели Ангеловска. 

Соопштува дека асоцијацијата е формирана во 2017 година и сега брои 100 членови од сите сектори поврзани со е-трговија (банки, компании за достава, маркетинг, ИТ и секако е-трговци) кои помагаат во идентификување на бариерите и заедно работат кон унапредување на е-трговијата. Најавува дека оваа година ќе ја организираат третата годишна конференција за е-трговија на 25 и 26 ти ноември, на тема Е-трговија & COVID-19: Предизвици и можности!


Слично

Поврзани вести