Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс-министер од ВМРО-ДПМНЕ поддржа мерка на владата

Екс-министер од ВМРО-ДПМНЕ поддржа мерка на владата

Кирил Миноски, екс-министерот за финансии назначен во техничката влада на предлог од ВМРО-ДПМНЕ, за 24 Инфо вели дека се согласува со т.н. мек пристап кога станува збор за мерката на актуелната власт да се намалат прекршочните казни за физичките и правни лица и претходно да има опомена.

–Во светски размери најголем дел од компаниите и поедниците (речиси 85%) доброволно ги исполнуваат своите законски обврски. Ние мораме да ги заштитеме претприемачите, луѓето кои што креираат вредност од волунтаристичко постапување. Ваквиот пристап ќе донесе многу повеќе средства во буџетот затоа што компаниите ќе бидат поуспешни и ќе се фокусираат на сопствениот бизнис, а не на стравот од казнени мерки- вели Миноски

Од друга страна не се согласува со воведувањето на прогресивниот данок од седната година и укинувањето на рамниот..

-Гледаме дека рамниот данок и во постоечки услови и во услови на политичка криза успешно ја полни/ше државната каса. Според мене требаше да се оди на решение на проширување на даночната база и јакнење на ефикасноста на УЈП, а задржување на рамниот данок. Противник сум на политика со која што ги казнуваме „успешните” и „креативните”. Речиси целокупниот бизнис сектор се спротистави на зголемувањето на даноците, укажувајќи на негативните последици врз целокупната економија и пред се на определени сектори (ИТ, креативни услуги) и сл. - вели Миноски.



Слично

Поврзани вести