Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс Југославија се тепа за имотот на Тито, семејството Броз може да извиси?

Екс Југославија се тепа за имотот на Тито, семејството Броз може да извиси?
Зенит Келиќ, помошник на министерот за финансии на Босна и Херцеговина во Секторот за сукцесија на имотот на поранешна Југославија, најавил дека Босна и Херцеговина и останатите републики ќе се вмешаат доколку тоа го направи Србија. А, Келиќ смета дека Србија веќе се вмешала, со тоа што кабинетот на претседателот на Србија се третира како правен наследник на некогашното Претседателство на СФРЈ и што ќе даде зелено светло за отворање на трезорот со 11 вреќи драгоцености на Тито, депонирани во Народната банка на Србија. “Доколку има злато, пари или други вредни работи, тогаш тоа е имот на сите држави наследнички, па во овој момент сите ќе мора да бидеме вклучени во процесот“, вели Келиќ за Б92. Претставникот на Србија во Постојаниот комитет за сукцесиски прашања Оливер Антиќ, демантира дека Србија се вмешала. “Доколку станува збор за приватен имот, тој се дели по правилата на наследното право и се распоредува, бидејќи нема тестамент, според законскиот ред на наследување. Значи, ќе се дели меѓу сопругата Јованка, и синовите Жарко и Миша, односно децата на Жарко. Приватниот имот никаде во светот не може да се дели меѓу држави“, објаснува Антиќ за српскиот портал. Може да се дели само тоа што припаѓало на државата, а Тито го користел! Во сукцесијата може да се дели само она штоТито го поседувал, а припаѓало на државата. Ако се најде такво нешто, тоа ќе биде предмет на разговорите за сукцесија, а потоа предмет на поделба ќе биде не само тоа што е во Белград, туку и Титовите вили, сосе скапоцените слики и оружје во нив. Тогаш ќе биде решено и чии ќе бидат скапоцените автомобили, кои веќе три децении се наоѓаат во Техничкиот музеј во Бистра крај Љубљана. Никој не може точно да ја процени нивната вредност, но станува збор за автомобили со огромна вредност, кои вредат меѓу пет и 10 милиони евра, кои ѝ биле позајмени на Словенија, но никогаш не биле вратени. Меѓу 15-те лимузини највредни се Хорх глејзер, кабриолет од 1938-та година, за кој се мисли дека му припаѓал на кнезот Павле, и блиндиран Пакард од 1937-та година, подарок од Сталин. Цената на пакардот на пазарот надминува два милиони, а убедливо најскап автомобил е блиндираниот мерцедес купе од 1939-тата година, чија цена на аукциите се движи меѓу четири, шест и девет милиони долари.
Слично

Поврзани вести