Економија, финансии, бизнис

Контакт

Екс-градоначалникот Петрески се „фати“ во акцијата „Јагула“

Екс-градоначалникот Петрески се „фати“ во акцијата „Јагула“
Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески и 13 негови соработници - советници и раководители на сектори во општината и сопственици на фирми биле уапсени во полициската акција „Јагула“, соопшти МВР. Приведените се осомничени за кривични дела извршени во периодот од 2007 до 2013 година. Кривичната пријава е поднесена против вкупно 16 лица, а на списокот на кривични дела за кои се сомничат се наоѓа злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање. Едно лице е надвор од државата, а за едно се преземаат активности за негово лишување од слобода. Петрески е првоосомничен. Тој бил уапсен утрово во Скопје. Останатите лица се од Охрид и едно од Струга. Полицијата се сомнева дека уапсените го оштетиле општинскиот буџет за 47 милиони денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148 милиони денари. Од овие пари 2 милиони денари завршиле како лична корист на екс градоначалникот, кој истовремено се товари и за примање поткуп во 2 случаи од 734 илјади денари.
Слично

Поврзани вести