Екс градоначалникот на Охрид под истрага, голема финансиска дупка во општината!
Полицијата ќе го чешла работењето на неодамнешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески поради постоење на основи за сомнение за криминал и корупција во работењето. Како што најави директорот на Бирото за Јавна безбедност Митко Чавков, јавното обинителство, МВР и Финансиската полиција заедно ќе го проверуваат работењето на Петрески.
„Има индикации кои укажуваат на постоење криминални активности во работењето на претходната локална власт и поранешниот градоначалник. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но доволно за да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата“, изјави денеска Чавков кој претходно се сретна со актуелниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески кого, како што додаде, го информирал за активностите кои планира да ги превземе полицијата.
Неофицијално се претпоставува дека финансиската дупка во која се наоѓа општина Охрид е околу 50 милиони евра, а голем дел од новите директори на охридските јавни претпријатија укажаа на постоењето на големи нерегуларности во работењето на нивните претходници.
Слично
